(Видео) ГОЛ НА ГОДИНАТА! Магијата на Луис Дијаз!

Објавено:

Да, Баерн Минхен ја прекина серијата од 16 победи по ред. Да, Хари Кејн ги спасуваше во 93. минута. Но, апсолутно никој не зборува за тоа. Тема на денот е само еден момент. Еден потег. Една магија.

Луис Дијаз.

Колумбиецот постигна гол кој ги фрли во транс социјалните мрежи, ги збуни законите на физиката и ги натера сите да се прашуваат: „Како по ѓаволите го направи ова?“

Се играше 38. минута кога Станишиќ испрати пресилно додавање. Топката бегаше кон гол-аут линијата, но Дијаз некако ја задржа во игра, се ослободи од чуварот и од „мртов агол“ ја „закова“ топката во далечниот агол на голот.

Од ФК Баерн Минхен веднаш објавија серијал фотографии од секој агол на магијата.

Кејн: „Ова е веројатно неговиот најдобар гол“

Дури и Хари Кејн, кој го спаси тимот од пораз, беше во сенка на својот колега.

„Неверојатно, да бидам искрен. Начинот на кој ја задржа топката… тоа е посебен гол, навистина, навистина посебен гол. Тој прави вакви работи цела сезона, но мислам дека ова е веројатно неговиот најдобар“, изјави Кејн за ESPN.

Реакциите на интернет беа инстантни:

  • „Последен пат кога видов вакво нешто беше Лампард против Барселона“
  • „Дајте му ја Пушкаш наградата ВЕДНАШ!“
  • „Да го дадев јас овој гол, ќе излезев од терен и немаше да се вратам до крајот на мечот“
  • „Ова е гол на сезоната!“

Погледнете ја магијата…


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено