Необична и срамна сцена за Евертон на „Олд Трафорд“. Во 13. минута, при резултат 0-0, наместо да се борат со Манчестер Јунајтед, Идриса Гуеј и Мајкл Кин завршија во жестока расправија меѓу себе.
Сè почна откако Бруно Фернандеш беше близу до гол, па двајцата играчи на Евертон се испровоцираа еден со друг. Кин двапати го турна Гуеј, а потоа Сенегалецот реагираше со рака кон лицето на својот соиграч.
Џордан Пикфорд мораше физички да ги разделува, но штетата веќе беше направена – судијата Тони Харингтон веднаш му покажа директен црвен картон на Гуеј за насилно однесување.
Премиер лигата подоцна потврди дека ВАР ја проверил ситуацијата и ја прифатил одлуката, бидејќи станувало збор за „јасен удар во лицето“.
Законот е јасен: удар со рака или ракава на главата или лицето, освен ако силата не е занемарлива, значи исклучување.
Евертон, пак, остана со играч помалку по сцена што повеќе личеше на внатрешен распад отколку на премиерлигашко дерби. Сепак гостите водат со 1-0, а се чека конечната развршница на натпреварот.



