11.8 C
Skopje

(Видео) Херојот на Овиедо им пееше на навивачите!

Објавено:

Не престанува да нè воодушевува приказната за капитенот на Реал Овиедо, Санти Казорла и неговата љубов кон клубот од детството, па решивме да ви споделиме уште еден симпатичен момент на блискост меѓу него и фановите.

За време на прославата за влез во Ла Лига после цели 24 години чекање, Овиедо им запеа на навивачите кои беа насобрани на теренот.

“Ќе се вратиме во првата лига и ќе се спомнува твоето име”, се вели во песната која е навивачка химна за надежта за враќање во првата Лига и моментите на слава на клубот.

Четириесет годишниот капитен, се врати во клубот за да му помогне да застане на нозе, а навивачите не ги заборавија моментите кога во најголемата криза тој се согласи да игра дури и бесплатно, иако после поради правилата мораше да прифати минимална плата.

Уште една убава фудбалска приказна која инспирира за како љубовта кон еден клуб може да го доведе од ризик за банкрот до високата Ла лига. Уживајте!

 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено