Екипата на Аталанта стигна до драматична победа од 1-0 на гостувањето кај Џенова, и тоа со гол длабоко во судиското надополнување. Херој на „Божицата“ беше дефанзивецот Исак Хиен, кој ја скрши жилавата одбрана на домаќините во 94-тата минута.
Натпреварот започна шокантно за Џенова. Уште во 3-тата минута, голманот Никола Леали доби директен црвен картон откако го фаулираше Даниел Малдини надвор од шеснаесетникот. Ова беше најбрзиот црвен картон за голман во Серија А од 1996 година!.
Опсада на „Луиџи Ферарис“
Иако играа со играч помалку речиси 90 минути, избраниците на Даниеле Де Роси се бранеа фантастично, па дури имаа и свои шанси (Витиња ја погоди стативата). Аталанта кружеше, напаѓаше, но резервниот голман Сомарива бранеше сè.
Сепак, во последните секунди, по корнер и мешаница, Хиен се најде на вистинското место и ја закова топката во мрежата за голема радост на гостите.



