Кристијан Киву, човекот кој со заштитната кацига стана симбол на борбеноста на Интер како играч, сега ја пренесува таа енергија и покрај аут-линијата. Раководството на Серија А официјално го прогласи Киву за „Тренер на месецот“ за декември 2025 година.
Ова е огромно признание за романскиот стратег, кој го презеде кормилото на „Нераѕурите“ минатото лето и веќе во декември покажа зошто е вистинскиот избор, со три победи на три натпревари, го врати Интер на врвот на табелата.
„Гринта“, харизма и тактичка еволуција
Жирито составено од директори на спортски медиуми го награди Киву не само за резултатите, туку и за стилот на игра.
„Кристијан Киву ги води своите момци со ‘гринта’ (борбеност), харизма и чувство на припадност. Тој се појави на клупата без страв, барајќи од тимот брза изградба на нападите и максимална агресивност за враќање на топката“, изјави Луиџи Де Сиерво, извршен директор на Серија А.
Киву не направи револуција, туку паметна еволуција. Ја задржа основата на тимот кој играше две финалиња во ЛШ, но додаде свој печат со подигната дефанзивна линија и подиректен фудбал.
Трофејот ќе биде врачен пред дербито со Наполи
Наградата ќе му биде врачена на Киву в недела (11 јануари), непосредно пред почетокот на големото дерби помеѓу Интер и Наполи на „Џузепе Меаца“. Тоа ќе биде идеална прилика за навивачите да го поздрават својот херој, кој неодамна ја одби и понудата на Челси за да остане во Милано.
Можете да ги погледнете најдобрите моменти од одличниот декември на Интер и страста на Киву покрај аут линијата во официјалното видео на Серија А подолу:



