(Видео) Историска ноќ за Мбапе: Втор најбрз хет-трик во ЛШ и победа на Реал во „голеада“

Објавено:

Килијан Мбапе ја одигра својата најдобра партија во дресот на Реал Мадрид, постигнувајќи четири гола во драматичната победа од 3-4 против Олимпијакос на гостувањето во Грција. Француската суперѕвезда беше едноставно незапирлива, постигнувајќи го вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите.

Домаќините шокираа со голот на Чикињо уште во 8. минута, но тогаш на сцена стапи Мбапе.

Историја за 7 минути

Помеѓу 22. и 29. минута, Мбапе направи вистински „дармар“. Прво израмни на асистенција на Винисиус, потоа погоди со глава по центаршутот на Ѓулер, за конечно да го комплетира хет-трикот за само 6 минути и 42 секунди.

Ова е втор најбрз хет-трик во историјата на натпреварувањето, веднаш зад оној на Мохамед Салах.

Во вториот дел, Олимпијакос намали преку Тареми, но Мбапе со својот четврти гол во 60. минута ја потврди победата. Ел Кааби ги постави конечните 3-4 во финишот.

Со овие четири гола, Мбапе стигна до вкупно 9 погодоци оваа сезона во ЛШ и е водечки стрелец.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено