(Видео) Јанис со „некултурно“ забивање ги збесна играчите на Чикаго: „Ми е гајле за почитта, се бориме за живот!“

Објавено:

Натпреварот меѓу Милвоки Бакс и Чикаго Булс заврши со голем инцидент и турканици на центарот на теренот, а причината е потегот на „Грчкиот ѕвер“, Јанис Адетокумбо, кој ги прекрши непишаните правила во кошарката.

Забивање во последната секунда и општ хаос

Иако победата на Милвоки беше веќе осигурана (водеа со седум разлика на девет секунди до крајот), Јанис наместо да ја тапка топката до истекот на времето, реши да истрча контра и да ја забие топката со моќен потег. Ова се смета за огромно непочитување на противникот во НБА лигата.

Коби Вајт и Никола Вучевиќ веднаш му пријдоа на Јанис, по што настана мешаница во која мораа да реагираат и соиграчите на Адетокумбо, пред сè Боби Портис, за да спречат поголем инцидент.

„Ако не се разбудиме, половина тим ќе биде избркан“

По натпреварот, Јанис беше брутално искрен и не покажа ниту малку каење за својот потег:

„Навистина ми е гајле за тоа дали е почитување или не. Тука сум 13 години и знам како оди – ако продолжиме да губиме, веројатно половина од овој тим веќе нема да биде тука. Сакав сите да се разбудат и да разберат дека се бориме за нашите животи на теренот. Ако за тоа е потребно вакво забивање, нека биде така“, изјави револтираниот Адетокумбо.

Вучевиќ: Јанис е лут затоа што Чикаго не сака да го купи!

Центарот на Чикаго, Никола Вучевиќ, имаше своја теорија за нападот на Јанис. Тој алудираше на неодамнешните извештаи дека Чикаго Булс не се заинтересирани да прават трејд за него:

„Претпоставувам дека Јанис беше лут поради информациите дека Булси не сакаат да прават замена за него, па сакаше да докаже нешто“, иронично прокоментира Црногорецот.

За Јанис ова беше прв меч по пауза од осум натпревари поради повреда на листот, а заврши со 29 поени и 8 скока. Сепак, неговата иднина во Милвоки останува под голем знак прашалник, додека гласините го селат кон Њујорк Никс.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено