(Видео) Како да водиш фудбалски клуб ако немаш поим од фудбал? Прашајте го Тод Боли! 😂

 

Објавено:

Сите знаеме дека водењето на еден од најголемите фудбалски клубови во светот бара сериозно знаење, огромна мрежа на скаути, аналитика и прецизна стратегија. Сите го знаеме тоа… освен Тод Боли, газдата на Челзи.

Во едно неодамнешно (и благо кажано хистерично искрено) интервју, американскиот милијардер и сопственик на Челзи отворено призна како изгледало неговото прво трансфер-лето на „Стемфорд Бриџ“.

Имено, откако тој го презеде клубот, целиот менаџмент си замина (случајно или не), па Боли морал самиот да биде спортски директор. И тука настанува комедијата.

Скаутинг систем на Челзи: „Ако ги сака Пеп, ги сакам и јас!“

Слушајте ја оваа генијална логика на човекот кој потоши над милијарда евра на играчи:

„Бев заглавен како привремен спортски директор едно лето, без да имам поим што прави еден фудбалер да биде добар. Ама знаев дека за Марк Кукуреља, ако го сака Манчестер Сити, го сакам и јас. Тоа беше навистина едноставно.“

Значи, додека останатите клубови користеа скапи софтвери и стотици скаути, Тод Боли едноставно го отворал Гугл, читал кој играч го бараат Сити или Арсенал, и нудел двојно повеќе пари! 😂

Интернетот пукна од смеа

Нормално, фановите на социјалните мрежи не му останаа должни по оваа изјава. Дел од коментарите:

  • „Значи, целото тоа време кога мислевме дека Челзи само им ги краде трансфер-метите на другите екипи, тоа БУКВАЛНО било точно!“
  • „И така платија 100 милиони евра за Мудрик, само затоа што Арсенал првично го сакаше. Арсенал штотуку го избегна најголемиот куршум во историјата. Фала ти Тод!“
  • „Ова е исто како јас кога играм Football Manager. Гледам кој играч го бараат Сити и Баерн, и веднаш кликам ‘Approach to Buy’.“
  • „Да се биде богат мора да е многу забавно. Можеш јавно да признаеш дека немаш поим што правиш, и пак ти да ги држиш конците.“

И навистина, објаснува многу работи. Како на пример, епската битка со Ливерпул за Каиседо и Лавија, или фактот што Челзи има 40 играчи на платниот список, а половина од нив не ни знаат кој им е тренер оваа недела.

Следен пат кога ќе ве одбијат на интервју за работа затоа што „ви фали искуство“, само сетете се на Тод Боли. Човекот немаше поим што е фудбал, па потроши милијарда евра купувајќи играчи само затоа што некој друг сакал да ги купи. Икона!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено