(Видео) Каков почеток на Премиер лигата: Прв гол во сезоната, првенец за Екитике!

Објавено:

Премиер лигата се врати со стил! Честа да го постигне првиот гол во новата сезона 2025/2026 му припадна на најновото засилување на Ливерпул, Иго Екитике, кој го “отвори” Борнмут во 37-та минута.

Ова не беше само прв гол во сезоната, туку и дебитантски гол за Французинот во црвениот дрес. Иако голот дојде по малку среќен, “билијард” одбиток, тоа не го намали воодушевувањето кај навивачите.

“Ова е како гол од EA FC 25”, “Го има бесот на Дарвин, но со свилена завршница. Заљубен сум!”, беа само дел од коментарите.

Кликнете тука за да видите како изгледа кога сезоната ќе ја отвориш со гол на деби!

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено