Баерн Минхен вчера и официјално ја прослави својата 35-та шампионска титула во Бундеслигата. Како што налага долгогодишната традиција во Баварија, фудбалерите и стручниот штаб предводени од Винсент Компани се појавија на балконот на градското собрание на култниот плоштад „Мариенплац“ за да го кренат трофејот „Салатарка“ пред илјадниците свои навивачи.
Но, наместо чиста шампионска идила, прославата се претвори во бизарен скандал откако навивачите на нивниот лут градски ривал, Минхен 1860, успеаја да изведат нестварна навивачка саботажа.
Бизарен слоган во живо на клупскиот канал
Целиот настан се пренесуваше во живо на официјалниот Јутјуб канал на Баерн Минхен. Во моментите кога атмосферата го достигна врвот, во толпата навивачи беше развиорено огромно знаме во кружна форма, со препознатливите бои и дизајн на логото на Баерн.
Но, кога камерата од птичја перспектива го зумираше знамето кое сурфаше по главите на навивачите, во живо во етерот низ целиот свет излезе шокантна порака. Наместо официјалниот натпис „FC Bayern München“, на надворешниот круг од логото стоеше сурова и навредлива порака: „FC Bauern Hurensöhne“ (во поблага верзија: „ФК Селани, кучкини синови“). Како потврда за авторот на оваа утка, во еден од внатрешните квадранти на логото беа јасно испишани бројките „1860“.
Како ова џиновско знаме поминало низ сите безбедносни контроли на „Мариенплац“ во овој момент останува вистинска мистерија за баварската полиција.
A group of 1860 Munich fans SNEAKED INTO THE CHAMPIONSHIP PARTY of Bayern, their CLASSIC RIVAL, right in the middle of the street and put up A FAKE LOGO that said “FC Bauern H*rensöhne”.
— Ultras Clips (@ultras_clips) May 17, 2026
What does it mean? “FARMERS SONS OF B*TCHES”.
UNBELIEVABLE, ALL OF IT. 😳🇩🇪 pic.twitter.com/wLCdWQ5pQK
Реакција на спикерот: Соборете ја церадата!
Дел од фудбалерите на Баерн Минхен уште од балконот забележаа дека нешто не е во ред со логото во толпата и веднаш алармираа кај Штефан Леман, долгогодишниот официјален спикер на „Алијанц Арената“ и модератор на прославата.
Леман веднаш реагираше преку микрофонот и со остар тон им нареди на навивачите веднаш да ја фатат и да ја соборат „спорната церада“. Навивачите брзо го социјализираа и го здиплија знамето, но штетата веќе беше направена – кадрите веќе беа емитувани во живо на Јутјуб и експресно се раширија како шумски пожар на социјалните мрежи.
За фановите на Минхен 1860, ова е ретка, но огромна победа над моќниот сосед. Овој клуб нема освоено титула во Германија уште од далечната 1966 година, а по испаѓањето од Бундеслигата во 2004 година претрпе вистински финансиски и резултатски колапс. Откако паднаа дури до четвртата лига, тие моментално се натпреваруваат во Третата германска лига (3.Лига), каде оваа сезона ја завршија на скромното 8-мо место. Сепак, со овој потег докажаа дека градскиот ривалитет во Минхен сè уште е и тоа како жив и немилосрден.



