(Видео) Кога тимот победува, и падот е танц: Менаџерот на Палас го украде шоуто на „Молињу“

Објавено:

Кристал Палас лета високо! „Орлите“ го совладаа Вулверхемптон со 0-2 на гости и се искачија на 4-тото место во Премиер лигата.

Но, вистинската ѕвезда на вечерта не беа стрелците Јереми Пино и Даниел Муњоз, туку нивниот менаџер, Оливер Гласнер.

Во моментот на вториот гол (69′), Гласнер толку се возбуди што реши да ја прослави победата на начин на кој што само нему му беше јасен! Или барем така изгледаше. Австриецот се лизна на влажната трева покрај аут-линијата, но наместо да се засрами, тој го претвори потенцијалниот пад во „танц“ достоен за статист во спот на Мајкл Џексон.

Oliver Glasner great save 69′ – Wolves 0-2 Crystal Palace
byu/TheBlueTango insoccer

„Smoooooth Operator“

Фановите на социјалните мрежи се воодушевени од неговата импровизација.

„Стилски го извади!“, коментираат корисниците, додавајќи дека ова е „вадење на сезоната“ од страна на менаџерот. Други се пошегуваа: „Лизгањето беше за да не излезе од тренерската зона“.

Палас игра одлично, а Гласнер очигледно ужива во секој момент. Кога тимот победува, сите реакции изгледаат кул.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено