9.8 C
Skopje

(Видео) Конте го “тресна” Интер: Наполи славеше во дерби полно со тензија и се врати на врвот!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Наполи воскресна од пепелта! По двата тешки порази од Торино и ПСВ, тимот на Антонио Конте го одигра најдобриот натпревар оваа сезона и во дербито на колото го совлада Интер со 3:1, враќајќи се на врвот на табелата во Серија А. Натпреварот на “Диего Армандо Марадона” беше сè само не обичен, видовме контроверзни пенали, повреди, две стативи за Интер и “војна” на нерви меѓу Конте и неговиот поранешен играч, Лаутаро Мартинез.

Контроверзен пенал, повреди и малери го одбележаа првиот дел

Иако Наполи беше во криза, а Интер во серија од седум победи, првото полувреме беше тотална спротивност. Интер доминираше, создаваше шанси и беше далеку подобар тим. Лаутаро Мартинез промаши зицер еден-на-еден со Милинковиќ-Савиќ, а Бастони и Дамфрис ја погодија рамката од голот (пречка и статива).

И тогаш, кога гостите беа најдобри, се случи хаос. Во 29-тата минута, по еден благ контакт меѓу Мхитарјан и Ди Лоренцо, судијата Мариани, по дури осум секунди доцнење и на повик од асистентот, досуди крајно сомнителен пенал за Наполи. Кевин Де Брујн беше сигурен, но при самиот удар почувствува болка во мускулот и мораше да биде заменет. Иронично, во истата акција се повреди и Мхитарјан, па двата тима мораа да прават присилни измени.

Фар Вест” во вториот дел: Конте и Лаутаро “во клинч

Наполи го започна вториот дел фуриозно и веќе во 54-тата минута, Скот МекТоминеј со фантастичен волеј-удар зголеми на 2:0. Сепак, Интер брзо се врати. По играње со рака на Буонџорно (кое Мариани повторно не го виде, па ВАР мораше да реагира), Хакан Чалханоглу од пенал намали на 2:1.

Овој гол ги разгоре страстите до максимум. Почна “војна” на теренот, а кулминацијата беше во 61-та минута кога дојде до жестока вербална пресметка покрај аут-линијата меѓу Антонио Конте и капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез. Двајцата си разменија тешки зборови, по што Конте доби жолт картон.

Само пет минути подоцна, додека Интер беше во хаос, Франк Ангиса направи соло-продор низ целата одбрана на гостите и со прекрасен удар ги постави конечните 3:1. До крајот, тимот на Киву немаше сили да се врати, а Наполи ја прослави 1100-тата победа во историјата на Серија А.


Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено