Победничката серија на Барселона од девет натпревари во Ла Лига (и 11 во сите натпреварувања) заврши на најнепријатниот можен начин. На дождливата „Реале Арена“, Реал Сосиедад славеше со 2-1, во натпревар обележан со контроверзни судиски одлуки, поништени голови, стативи и драматичен финиш.
Избраниците на Ханси Флик одиграа одлично прво полувреме, но комбинацијата од ВАР-технологијата, чудесните одбрани на Алекс Ремиро и деконцентрацијата во одбраната, ги чинеше три бода. Со овој пораз, предноста на Барселона на врвот на табелата се стопи на само еден бод пред Реал Мадрид.
ВАР кошмар за Каталонците: Три поништени одлуки!
Барселона доминираше во првиот дел, но технологијата беше нејзиниот најголем непријател.
- Уште во 9-тата минута, Фермин Лопез постигна гол, кој беше поништен поради прекршок на Дани Олмо во изградбата на акцијата.
- Потоа следеше еден од најконтроверзните моменти сезонава, поништен гол на Ламин Јамал поради милиметарски офсајд, одлука која предизвика бура реакции.
- Пред крајот на полувремето, судијата Хил Манцано досуди пенал врз Јамал, но ВАР повторно интервенираше и го поништи поради офсајд.
Во целиот тој хаос, Реал Сосиедад ја искористи својата единствена вистинска шанса. Во 32-рата минута, по нафрлувањето на Гонсало Гуедеш, Микел Ојарзабал со волеј ја затресе мрежата за 1-0.
Лудило во две минути: Рашфорд врати надеж, Гуедеш ја згасна
Второто полувреме донесе опсада на голот на домаќините. Голманот Алекс Ремиро правеше чуда, бранејќи зицери на Олмо и Левандовски (чиј удар заврши и во пречката).
Бедемот конечно падна во 70-тата минута. „Џокерот“ од клупата, Маркус Рашфорд, по асистенција на Јамал, со глава израмни на 1-1.
Но, радоста на Барселона траеше помалку од 60 секунди! Веднаш по тргнувањето од центарот, одбраната на Барса заспа, а Гонсало Гуедеш (71′) казни сурово за 2-1, враќајќи ја предноста на баскискиот тим.
Драматичен финиш: Црвен картон и стативи
Во финишот, Барселона фрли сè на една карта. Жил Кунде ја погоди пречката, а Карлос Солер заработи директен црвен картон во 88-мата минута поради грд старт врз Педри. И покрај 9-те минути судиско надополнување и играч повеќе, Барса не успеа да го пробие бункерот на Сосиедад.
Френки де Јонг „грми“ по судијата: „Арогантен е!“
Капитенот на Барселона, Френки де Јонг, по натпреварот беше бесен на главниот судија Хесус Хил Манцано.
„Не можете ни да разговарате со овој судија. Ме гледа со лице кое вели ‘Јас сум подобар од тебе’. Тоа е многу фрустрирачки. Јас сум капитен, ќе му кажам нешто, а тој веднаш вади картон. Мислам дека заслуживме да победиме, но промашивме премногу шанси,“ изјави Де Јонг.
🤨 ¿Tiburones en Donostia? Debía de ser una carabela portuguesa. https://t.co/0ZHGY9ETCp pic.twitter.com/dyB3jbccsV
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) January 18, 2026
🎶 Eta 𝐑𝐞𝐚𝐥𝐚 aurrera…! Goazen!!!
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) January 18, 2026
LaLigaHighlights pic.twitter.com/YGuGimH0A7



