(Видео) “Кралевите” со пенали до пресврт и победа над Олимпик Марсеј

Објавено:

Првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите не стартуваше идеално за шпанскиот гигант, откако на домашен терен на стадионот Сантијаго Бернабеу најпрво се повреди стартерот Трент Александер-Арнолд во првите три минути од мечот, а потоа гостите го отворија резултатот за водство од 0:1.

Тимоти Веа стрелаше во 22-та минута за шок во Мадрид и водство на Олимпик Марсеј над далеку пофаворизираните Реал Мадрид.

Но, набрзо потоа домашните имаа можност за изедначување на резултатот, откако беше направен прекршок над Родриго во шеснаесеттникот, по што Мбапе стрелаше прецизно за 1:1.

Извор: https://x.com/realmadrid

Нови проблеми за “кралевите” настанаа во 72-та минута откако по ВАР проверката беше досуден црвен картон за капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, по што домаќините останаа со играч помалку на теренот. Ситуацијата со црвениот картон беше нова спорна ситуација на теренот, а капитенот доби исклучување откако со глава го удри голманот на Марсеј.

Но, повторно дојде до нова драма и спорен момент, кога беше досудено игра со рака за Марсеј во шеснаесеттникот на Реал Мадрид, по што беше досуден нов пенал, иако не сите би се согласиле и со оваа судиска одлука на денешниот дуел.

Килијан Мбапе стрелаше повторно од белата точка, за во 81-та минута Реал да дојде до посакуваното водство од 2:1, со што беше поставен и конечниот резултат на натпреварот.

Погледнете ги сите (спорни) моменти и головите на натпреварот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено