(Видео) Кралот на 2025! Алкараз и официјално го доби пехарот за АТП Број 1!

 

Објавено:

Откако со вчерашната тешка победа над Мусети во Торино, Карлос Алкараз се врати на првата позиција на АТП листата, а денес и официјално му беше врачен пехарот за шампион на 2025 година.

„Огромно задоволство ми е што сум број 1“, рече Алкараз на презентирањето на трофејот. „Да бидам број еден во светот е нешто за кое работиме напорно со мојот тим секојдневно. Тоа е целта. Но, мислам дека тоа не е патување на кое одите сами. Тоа е нешто што го правите со целиот тим, со семејството, со блиските пријатели и луѓето кои се секогаш позади тебе да те поддржат во тешките и добрите моменти, и на тоа сум навистина горд – што имам толку одличен тим“.

Алкараз истакна дека и претходниот пат кога заврши на првата позиција, тој работеше со истиот тим. Конзистентноста која ја има со тимот, му овозможи после првиот пат во 2022 година, повторно да се врати на врвот.

Трофејот на 22 годишниот Шпанец му беше врачен од страна на Андреа Гаудензи (претседателот на АТП) и Мохамед Алсајад, советникот за стратегија и корпоративен бренд на ПИФ.

Сега Алкараз е во полуфиналето на завршниот АТП турнир во Торино, каде ќе се бори за својот прв трофеј на овој турнир.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено