(Видео) Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа нерешено

Објавено:

Во натпреварот кој уште пред самиот почеток го одбележаа тензии, двата тима излегоа со по еден бод. Имено, пред почетокот на натпреварот Нотингем Форест го зголеми своето осигурување на играчите, поради вжештената атмосфера поради настаните летово, кога Кристал Палас беа исфрлени од Лига Европа, а нивното место го зазедоа токму Нотингем Форест.

Во мечот кој популарно е наречен “Ел КАСико”, денес беа постигнати два погодоци, по еден на секоја страна.

Први постигнаа гол домаќините во 37-та минута преку Исмаила Сар, а гостите вратија во второто полувреме преку погодокот на Калум Хадсон-Одои во 57-та минута.

Сепак, и освоениот бод е добар исход, ако се земе во предвид турбулентниот период низ кој помина Кристал Палас ова лето, но и со неодамнешното заминување на ѕвездата на клубот, Езе во Арсенал.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот:

Меѓутоа иако на теренот фудбалерите беа сосема коректни, вистинска војна се водеше и на трибините. Дел од навивачите на Кристал Палас извадија дури и банер на кој сопственикот на Нотингем, Евангелос Маринакис држи вперен пиштол во главата на играчот Морган Гибс-Вајт. Случајот со играчот предизвика лавина реакции ова лето, поради неговата “изненадна” одлука да остане во тимот после “убедувањето” на Маринакис.

Покрај овој банер на трибините осамна и официјалната кореографија на навивачите на која стоеше подигнат трофејот од ФА Купот кој требаше да им обезбеди учество во Лига Европа, под која стоеше написот: “Направени од стакло, исковани во сребро”.

Извор: https://x.com/CPFC/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено