Премиер лигата го доби најлудиот натпревар во 2026 година! Во неверојатен трилер со пет гола на „Емирати“, Манчестер Јунајтед славеше над лидерот Арсенал со 3-2, нанесувајќи им го на „топџиите“ првиот домашен пораз во сезоната, целосно закомпликувајќи ја битката за титулата.
Спектакл кој започна со автогол и грешки
Арсенал започна фуриозно и поведе во 29-та минута кога Лисандро Мартинез несреќно ја смести топката во сопствената мрежа. Сепак, радоста на домашните навивачи траеше кратко. Катастрофалната грешка на Мартин Зубименди му овозможи на Брајан Мбеумо да излезе сам пред Раја, да го заобиколи и ладнокрвно да израмни на 1-1.
Шокот за Артета стана уште поголем на почетокот на вториот дел кога младиот Патрик Доргу испрати вистински проектил под пречката за целосен пресврт и водство на Јунајтед од 2-1.
Драма во финишот: Мерино за надеж, Куња за „нокдаун“!
Микел Артета се обиде со секакви промени, внесувајќи ги Ѓокереш, Езе и Мерино, а токму Микел Мерино во 84-та минута успеа да израмни по еден корнер, предизвикувајќи ерупција во Лондон.
Но, славјето на Арсенал траеше само три минути. Во 87-та минута, Матеус Куња прими топка од Меино и од околу 25 метри испрати неодбранлив, феномнален удар во самиот агол за конечни 3-2. Овој „вајлд-кард“ потег на Куња го остави Арсенал без бодови и со само четири бода предност пред Манчестер Сити и Астон Вила.
Ефектот „Карик“: Јунајтед е во топ 4!
Под водство на привремениот тренер Мајкл Карик, Манчестер Јунајтед изгледа како сосем друг тим. По победата над Сити минатата недела, овој триумф ги искачи „ѓаволите“ на четвртото место на табелата, прескокнувајќи ги Челси и Ливерпул.
За Арсенал, ова е сериозно предупредување. По двете ремија без голови, овој пораз значи дека „топџиите“ веќе три кола не знаат за победа, што кај навивачите веќе буди страв од повторување на минатогодишните сценарија кога ја губеа формата во клучните моменти.



