Тензиите помеѓу двата најголеми шпански гиганти повторно зоврија. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, остро реагираше на неодамнешните изјави на Флорентино Перез за време на собранието на Реал Мадрид, обвинувајќи го „кралскиот клуб“ дека страда од „Барселонитис“.
Во своето обраќање од Андора, Лапорта не штедеше зборови, тврдејќи дека Реал Мадрид користи изговори за да ги оправда своите постапки, додека истовремено врши притисок врз судиите.
„Реал Мадрид има Барселонитис“
Лапорта смета дека опсесијата на Мадрид со Барселона е очигледна.
„Мислам дека се во офсајд, тоа ја покажува ’Барселонитис‘ состојбата што ја има Мадрид. Изгледа дека мораат да зборуваат за Барса за да оправдаат не знам што“, изјави Лапорта.
За случајот „Негреира“ и судиите
На обвинувањата дека успесите на Барса се должат на плаќања кон Негреира, Лапорта возврати жестоко, посочувајќи дека токму Реал е историски фаворизиран.
„Го развлекуваат тоа како гума за џвакање бидејќи знаат дека нема ништо. Барса никогаш не купувала судии… Судиите цел живот го фаворизираат Мадрид“, рече тој, посочувајќи на последниот натпревар на Реал.
Лапорта конкретно ги спомена спорните моменти од последното коло:
„Реал постигна два гола кои за мене не требаше да важат – едниот со рака на Белингем, а другиот откако Винисиус му го скрши носот на Ињаки Пења“.
Joan Laporta : « Si les Madrilènes parlent du Barça lors de leurs assemblées générales, c'est bon signe, car cela signifie qu'ils sont obsédés par le Barça, et peut-être qu'ils le font pour éviter d'aborder d'autres sujets. »
— FR Barça 🇫🇷 (@FRBarca_) November 28, 2025
« Les propos de Florentino sont déplacés. »
« Je… pic.twitter.com/2nfG6My16H
За Хавиер Тебас
Претседателот на Барселона застана во одбрана на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, и покрај нивните минати несогласувања.
„Мадрид е опседнат со тоа да го избрка Тебас… Тоа ме прави сомничав, кого сакаат да постават на негово место?“, праша Лапорта.
Според извори од Мадрид, „кралскиот клуб“ засега не планира официјално да реагира на овие коментари.



