(Видео) Леао донесе победа за Милан, деби и за новото засилување Филкруг!

Објавено:

Рафаел Леао ја отвори фудбалската 2026 година во Серија А со прекрасен погодок, носејќи му минимална, но важна победа на Милан од 0-1 на гостувањето кај Каљари. Натпреварот на Сардинија го одбележа и дебито на новото засилување Никлас Филкруг, кој се појави на теренот само неколку часа по официјализирањето на трансферот.

Тренерот на „росонерите“ мораше да прави многу промени во составот поради повредите на Нкунку и Хименес, додека Пулишиќ и Габија не беа целосно подготвени, па започнаа од клупата. Каљари, исто така ослабен без Белоти и Фелици, се обиде да му парира на фаворитот, но индивидуалниот квалитет на Леао беше пресуден.

Магијата на Леао го скрши отпорот

Првото полувреме помина во изедначена борба со неколку грешки во одбраната на Милан кои домаќините не ги искористија преку Прати и Палестра. Најспорниот момент се случи пред самиот одмор кога Лофтус-Чик беше соборен во шеснаесеттникот, но по ВАР проверка пеналот беше поништен поради офсајд на Леао во раната фаза од акцијата.

Сепак, само пет минути по почетокот на вториот дел, Милан поведе. По една одлична акција започната од Фофана, Адриен Рабио нафрли од десната страна, Запа не успеа да интервенира, а Рафаел Леао со десна нога ја прими топката и со разорен удар со левата ја смести во голот за 0-1. Интересно е што ова беше 12-ти пат сезонава Милан да постигне гол со својот прв прецизен удар во рамките на голот.

Деби на Филкруг и искуството на Модриќ

Во финишот од натпреварот, шанса за деби доби и Никлас Филкруг, кој го замени Еспозито. Германецот веднаш покажа зошто е донесен, подготвувајќи одлична шанса за Пулишиќ, чиј удар беше одбранет од Каприле.

Блиску до гол беше и ветеранот Лука Модриќ, кој со лукав слободен удар за малку не го изненади домашниот голман, но Каприле со крајни напори ја исфрли топката од гол-линијата. Со оваа победа, Милан успешно ја започнува новата календарска година во трката за врвот на табелата.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено