(Видео) Левандовски од клупата за пресврт на Барселона во Овиедо!

Објавено:

Каталонците вечерва гостуваа на стадионот Карлос Тартјере, кај повратниците во првата шпанска лига Реал Овиедо, после цели 24 години. Иако во првото полувреме домашните навивачи се надеваа на вистинска сензација со водство од 1-0 на паузата, сепак Барселона успеаја да дојдат на крајот до убедлив триумф од 1-3.

Во 33 минута по грешката на голманот Жоан Гарсија кој излезе далеку од шеснаесеттникот, Алберто Реина успеа да постигне погодок за водство на Реал Овиедо и вистинска радост на трибините.

Сепак, во второто полувреме Барса не дозволи андалузиска сензација, па целосно ја презедоа контролата врз мечот. Најпрво Ерик Гарсија во 56-та минута го израмни резултатот на 1-1, а пресвртот дојде по влегувањето на Роберт Левандовски од клупата.

Тој за само 4 минути по влегувањето во игра, во 70-та минута погоди за пресврт и мотив за третиот погодок кој пристигна во 88-та минута преку Араухо.

Погледнете ги головите и најинтересните моменти од натпреварот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено