10.8 C
Skopje

(Видео) Лидс ја продлабочи мизеријата на Вест Хем

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидс Јунајтед конечно ја прекина серијата од три последователни порази и вечерва го отвори новото коло на Премиер лигата со победа од 2-1 над Вест Хем на домашен терен. Поразот на “Еланд Роуд” дополнително ја продлабочи кризата кај “чеканите”, кои немат триумф на последните шест натпревари.

Вест Хем пристигна во Лидс со очајна потреба од бодови по новиот пораз во понеделникот и падот во зоната за испаѓање, но надежта им траеше едвај три минути. По одличен центаршут на Џејден Богл, ударот со глава на Ноа Окафор го одбрани Ареола, но на одбиената топка најбрз беше Бренден Аронсон, кој без мака ја смести во празната мрежа за 1–0.

Вест Хем се обиде да одговори преку Џарод Боуен, кој со атрактивен волеј ја загрози мрежата на Лукас Пери, но голманот на Лидс беше сигурен. Неколку минути подоцна, наместо израмнување, следеше нов удар за гостите. По корнерот во 15-та минута, Џо Родон остана сам во шеснаесеттникот и со прецизен удар со глава зголеми на 2–0, за деветтиот гол кој Вест Хем го прима од прекини оваа сезона.

До полувреме, тимот на Нуно Еспирито Санто успеа да стигне до погодок преку Лукас Пакета, но ВАР го поништи голот поради минимален офсајд. Така, Лидс првпат сезонава замина на одмор со предност на свој терен, а таа самодоверба се почувствува и во второто полувреме.

Во 60-та минута, Аронсон можеше да ја реши средбата, но неговиот удар по соло-продорт заврши на пречката. Лидс потоа мудро го забави темпото и не дозволи простор за изненадување.

Сепак, во самиот финиш, резервистот Матеус Фернандес го совлада Пери по нафрлување на Боуен и го постави конечниот резултат 2–1, недоволен за спас на гостите.

Погледнете ги најинтересните моменти и головите на вечерта:

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено