По серијата лоши резултати и третиот пораз во низа, алармот во Ливерпул е вклучен, а аналитичарите низ Англија се обидуваат да ја откријат причината за падот во играта на актуелниот шампион. Во најновата емисија на популарниот подкаст “The Rest Is Football”, Гери Линекер и Мајка Ричардс, понудија едноставен, но логичен одговор, проблемот е во отсуството на еден човек, Трент Александер-Арнолд.
Според нив, заминувањето на десниот бек во Реал Мадрид оставило празнина која, барем засега, изгледа невозможно да се пополни.
Линекер: “Не постои таков играч во светот, дури и на Салах му недостасува”
Гери Линекер беше дециден во својата анализа, истакнувајќи дека офанзивниот придонес на Александер-Арнолд е нешто што не може да се надомести.
“Мислам дека навистина им недостасува Трент. Луѓето зборуваат за неговиот ангажман во одбраната, но она што тој го дава во нападот е речиси невозможно да се замени. Не можам да се сетам на ниту еден друг играч во светот што ја игра таа позиција на таков офанзивен начин”, изјави Линекер.
View this post on Instagram
Тој додаде дека неговото отсуство се чувствува и во играта на Мохамед Салах.
“Мислам дека и на Мо му недостасува, таа конекција што ја имаа. Да, понекогаш оставаа празен простор зад себе, но секогаш имаше некој што го покриваше тоа, како Собослаи или Хендерсон. Престанете да се грижите за неговите ситни дефанзивни грешки, бидејќи она што го добивате во нападот е неверојатно.”
Ричардс: “Паниката на Арне Слот кажува сè”
Мајка Ричардс се надоврза на анализата, истакнувајќи дека потезите на тренерот Арне Слот се најдобар доказ за тоа колку е голем проблемот.
“Паниката на Арне Слот кажува сè. Против Челси, тој го заврши натпреварот со двајца играчи од средниот ред, Собослаи и Гравенберх, во одбранбената четворка. Тоа ви покажува дека тој сè уште бара решение. Конор Бредли, кој требаше да биде наследникот, беше заменет на полувреме на последните два натпревари. Јасно е дека не му верува”, изјави Ричардс.
Погледнете ја целата анализа на Линекер и Ричардс:
На крајот, и двајцата се согласија дека иако Ливерпул донесе многу скапи засилувања, тие сè уште го немаат пронајдено вистинскиот баланс. Интернационалната пауза доаѓа во вистински момент за Слот, кој ќе има две недели да најде решение за кризата што полека, но сигурно, го тресе “Енфилд”.