12.8 C
Skopje

(Видео) Ливерпул повторно со гол во завршницата со победа на Енфилд!

Објавено:

Вистинска ерупција се случи на Енфилд вечерва откако повторно Ливерпул успеа да слави со гол во самата завршница против Атлетико Мадрид. При изедначен резултат од 2:2, Вирџил Ван Дајк погоди со глава во 92-та минута за победа.

Натпреварот започна идеално за домаќините откако обезбедија рано водство од 2:0. И под рано, мислиме навистина рано уште во првите шест минути од натпреварот, најпрво во 4-та минута преку одбиената топка од слободниот удар на Салах која преку Енди Робертсон заврши во мрежата, а потоа и од самиот Салах две минути подоцна.

Но, домаќините подоцна го изгубија ова водство, откако расположениот Маркос Љоренте им донесе два гола на Атлетико Мадрид. Инаку, Љоренте кој има седум голови во Лигата на шампионите, четири од нив ги има постигнато токму на Енфилд.

Извор: https://x.com/Atleti

Љоренте најпрво го намали водството на Ливерпул во самата завршница на првото полувреме (45+3′), по што двата тима отидоа на паузата со резултат 2:1. Во 81-та минута тој повторно стрелаше успешно, за изедначување на резултатот на 2:2.

Но, Ван Дајк беше херојот на домашниот тим, па им ја донесе на Ливерпул победата во самата завршница, нешто што стана заштитен знак за англискиот шампион оваа сезона.

“Ние притискавме за водство од 3:1, па кога го примивме голот за изедначување не беше идеално. Но, најдовме начин. Тие се тим што никогаш не се откажува и имаат многу квалитетни играчи кои можат да ве казнат во секој момент”, изјави херојот на мечот Ван Дајк.

Погледнете ги сите голови и најинтересните моменти од натпреварот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено