11.8 C
Skopje

(Видео) Луда ноќ во Рабат: Вака Мароко ја прослави светската титула!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Мароко славеше цела ноќ! По историската победа на младата репрезентација до 20 години на Светското првенство во Чиле, улиците на Рабат и другите градови беа преплавени со илјадници еуфорични фанови кои не престанаа да слават до раните утрински часови.

Мароканските “лавчиња” ја победија големата Аргентина со 2:0 во финалето, освојувајќи ја првата светска титула во историјата на земјата.

Posts from the soccer
community on Reddit

“Натпреварот заврши во 2 часот по полноќ, а во 4 часот наутро луѓето сè уште беа на улиците”, сведочат локалните жители. Оваа победа е кулминација на “златната ера” на мароканскиот фудбал, која започна со историското полуфинале на сениорите на Мундијалот во Катар.

Навивачите, кои веќе сонуваат за уште поголеми успеси, јасно ставија до знаење дека ова е само почеток. Мароко има нова генерација херои која ја освои планетата!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено