(Видео) „Лудило“ од 360 степени на 125-годишнината на Кајзерслаутерн!

Објавено:

Има навивачи, и има навивачи на Кајзерслаутерн.

Германскиот клуб, кој оваа година слави 125 години од своето постоење, можеби загуби на теренот со 0-1 од Херта Берлин во дербито на Цвајте, но она што се случи на трибините го остави фудбалскиот свет без здив.

Во саботата навечер, култниот „Фриц-Валтер-Штадион“ беше сцена на една од најкомплексните и најимпресивните кореографии видени во модерниот фудбал, тифо од 360 степени кое го опфати апсолутно секој дел од стадионот.

Навивачите, познати како „Црвените ѓаволи“, ја претворија целата арена во огнен пекол, со илјадници црвени знамиња, транспаренти и пиротехника.

@kurvenkev 125 Jahre 1.FC Kaiserslautern! Was eine geile Choreo! #fussball #bundesliga #1fckaiserslautern #betze #ultras ♬ Originalton – KURVENKEV | Fußball Content

Ова не е само обична прослава; ова е доказ за страста на клубот од град кој има само 100.000 жители, но чиј стадион е речиси секогаш полн.

За жал на домашните навивачи, спектаклот на трибините не беше награден на теренот. Херта победи со 1-0, со голот на Јан Лука Шулер во 20. минута.

На Кајзерслаутерн дури му беше поништен и гол за израмнување во 93. минута, кога ВАР, по две минути проверување, пронајде минимален офсајд при погодокот на Иван Пртајин.

Kaiserslautern Fans with a crazy 360° Tifo
byu/SernyRanders insoccer

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено