(Видео) Лудило во Барселона: Навивачите со „пеколен“ пречек ги испратија играчите по чудо!

 

Објавено:

Барселона влезе во вечерашниот дуел против Атлетико Мадрид со тешка задача да надополни четири гола негатива, но ако се суди по она што се случуваше пред стадионот, поддршката за тимот на Ханси Флик е на досега невидено ниво.

„Да, ние можеме“ одекнува низ Барселона

Улиците околу „Камп Ноу“ беа блокирани од илјадници фанови уште неколку часа пред почетокот на реваншот од полуфиналето на Копа дел Реј. Со развиорени знамиња, стотици запалени факли во клупските бои, навивачите создадоа атмосфера која ги мотивираше играчите уште пред да стапнат на тревникот.

Главниот извик на толпата беше јасен: „Да, ние можеме!“. Оваа порака за верба во „ремонтада“ беше единственото нешто што се слушаше додека клупскиот автобус со големи маки се пробиваше низ „морето“ од луѓе за да стигне до влезот на стадионот.

Енергија за историја

Овој „пеколен“ пречек е јасен доказ дека навивачите не се откажуваат од пласманот во финалето, и покрај дебаклот во првиот меч. Сега, додека натпреварот е во тек, останува да видиме дали Ламин Јамал и неговите соиграчи ќе успеат да ја искористат оваа неверојатна енергија од трибините за да го скршат отпорот на тимот на Диего Симеоне и да приредат уште едно фудбалско чудо.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено