(Видео) ЛУДИЛО ВО КАНАДА: Гол со ‘ножички’ на -8° во снежна бура, голмани чистеа снег со лопати!

Објавено:

И додека повеќето лиги би го откажале натпреварот (ако се сеќавате летово имавме откажувања на натпревари во Светското клупско првенство поради присуство на облачиња и ситен дожд), снежната бура во Канада не само што не беше пречка, туку и ни го донесе еден од најспектакуларните и најбизарните финални натпревари во историјата на фудбалот!

Ова е со сигурност еден од најлудите голови, постигнат во најнеповолни временски услови што некогаш сте ги виделе.

Херој кој никогаш не играл на снег

Ова не беше обичен натпревар. Ова беше финалето на Канадската Премиер Лига (CPL) за „Северната ѕвезда“ (North Star Cup), одиграно во Отава помеѓу Атлетико Отава и Кавалири ФК.

Температурата падна на -8 Целзиусови степени, а теренот во еден момент повеќе личеше на лизгалиште отколку на фудбалско игралиште. Но, тоа не го спречи 23-годишниот херој, Давид Родригез.

Шпанецот, кој по мечот призна дека „никогаш во животот немал шутнато топка на снег“, стана бесмртен.

Тој не само што го постигна спектакуларниот гол со „ножички“ среде снежната виулица за да го израмни резултатот, туку и го постигна победничкиот гол, „мајсторски чип“ во продолженијата, за конечни 2-1 и прва титула за Атлетико Отава.

Извор: https://www.canpl.ca

Снегомобили на терен, голмани со лопати

Натпреварот беше тотално бизарен. Имаше 40-минутен прекин само за да се исчисти снегот од теренот, а во еден момент на паузата пред продолженијата, на теренот влезе снегомобил за да ги исчисти линиите.

Во сцените кои потсетуваа повеќе на хокеј, двајцата голмани, Натан Ингам (Атлетико) и Марко Кардучи (Кавалири), беа забележани како земаат лопати и помагаат во чистењето на снегот од своите шеснаесеттници.

Како тоа да не е доволно, кога Фрејзер Ејрд од Кавалири го постигна водечкиот гол од пенал, тој беше гаѓан со снежни топки од публиката.

По натпреварот, голманот на Атлетико, Натан Ингам, најдобро ја сумираше вечерта: „Целата ноќ изгледа нереално. Да играте против нас во песок, да играте во снег, да играте на Месечината – овој тим ќе победи!“

За Атлетико Отава, ова е прва титула во историјата, која им обезбеди и пласман во КОНКАКАФ Купот на Шампиони во 2025 година.


Следете нè: Facebook | Instagram | X


Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено