Големото дерби на Турција помеѓу Фенербахче и Галатасарај заврши без победник (1-1), но понуди драма каква што доликува на „Суперлигата“. „Лавовите“ беа на прагот на голема победа среде Кадиќој, но резервистот Џон Дуран го шокираше лидерот во длабокото судиско продолжение.
Сане погоди, ВАР поништи гол на Фенер
Галатасарај поведе во 27. минута. Лерој Сане доби топка од Бариш Алпер Јилмаз и со прецизен удар од далечина го совлада Едерсон, замолкнувајќи го стадионот. Фенербахче мислеше дека израмни пред полувремето преку Едсон Алварез, но голот беше поништен од ВАР поради игра со рака на Милан Шкринијар.

Драма во 95-та: Дуран е херојот на „Канаринците“!
Во второто полувреме, Фенербахче притискаше, но Угурџан Чакир беше несовладлив сѐ до 95-тата минута. Лери Мерџан испрати центаршут од левата страна, а Џон Дуран со глава ја закова топката во мрежата за ерупција на трибините и конечни 1-1.
Со ова реми, Галатасарај останува лидер со 33 бода, додека Фенербахче го следи со 32.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



