Натпреварот во Хајденхајм заврши без победник (2:2), но ќе се памети засекогаш поради моментот на чиста генијалност во 15-тата минута. Напаѓачот на домаќините, Марвин Пирингер, постигна гол кој веќе се врти на сите најавни шпици ширум светот.
По нафрлената топка од Шепнер, Пирингер покажа неверојатна акробација со која што ја смести топката во мрежата на немоќниот голман на Келн. Ова е дефинитивно еден од главните кандидати за наградата „Пушкаш“!
Уживајте во мајсторијата:



