(Видео) Магијата на Меси не престанува: Два гола и асистенција за Мајами

Објавено:

Во синоќешниот дуел од МЛС лигата, меѓу Интер Мајами и Д.С. Јунајтед, домаќините успеаја да дојдат до победа од 3-2, благодарение на уште едно одлично издание на Лео Меси.

Тој со два постигнати погодоци и една асистенција беше најдобар играч за Мајами на натпреварот, уште еднаш покажувајќи дека фудбалската магија сè уште е и тоа како присутна кај ветеранот.

Напаѓачот Тадео Аленде го постигна другиот погодок во победата на Чејс Стадионот.

Со вчерашниот учинок Меси дојде до извонредна статистика од дури 16 натпревари на кој има постигнато барем еден гол и една асистенција, со што се изедначи со Карлос Вела, а заостанува само за еден натпревар зад Преки кој има 17.

Погледнете ги головите и асистенцијата на Меси.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено