Македонскиот интернационалец Елмин Растодер е еден од хероите на викендот во Швајцарија. Неговиот тим ФЦ Тун направи спектакуларен пресврт во дербито против Цирих, славејќи со 4-2, иако на полувреме губеше со 0-2. Со оваа победа, Тун заминува на зимска пауза како лидер на табелата.
Растодер го скрши мразот
Гостите од Цирих имаа комфорна предност по првиот дел, но сликата на теренот се промени во 53. минута. Токму Растодер ја презеде одговорноста и со прецизен удар намали на 1-2, постигнувајќи го својот 5-ти гол сезонава во Суперлигата.
Овој погодок беше иницијалната каписла за „ураганот“ на домаќините. По голот на Растодер, Тун доби крилја и преку капитенот Бирки, најдобриот стрелец Ибаји и Фер (во 89. минута) стигна до голема победа.
Растодер, кој одигра 74 минути пред да биде заменет, се промовира во клучна фигура во нападот на Тун оваа есен. Тимот сега има 40 бодови, што е фантастичен успех за клубот од Бернскиот Оберланд.



