Големото дерби на италијанскиот фудбал помеѓу Интер и Наполи на култниот „Џузепе Меаца“ целосно ги оправдува очекувањата, а во главна улога е македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас.
Натпреварот започна пеколно за Наполитанците, но токму Елмас беше архитектот на враќањето во игра. Резултатот е е 1-1.
Интер удри прв преку Димарко
„Нераѕурите“ на отворија средбата фуриозно. Уште во 9-тата минута, по една брза акција, Федерико Димарко се најде на вистинското место и со прецизен удар донесе предност за домашните.
👉 ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ГОЛОТ НА ДИМАРКО ТУКА
Елмас „сервираше“ на тацна за МекТоминеј
Радоста на Интер траеше помалку од 20 минути. Антонио Конте му даде шанса на Елмас од првата минута во напаѓачкото трио и тоа се покажа како полн погодок.
Во 27-тата минута, Елмас проби по левата страна, испрати остра и ниска топка низ „шумата“ од нозе во шеснаесетникот, која перфектно го пронајде Скот МекТоминеј. Шкотот немаше тешка задача и ја закова топката во мрежата за 1-1.
Ова е потег што се гледа повеќе пати:
👉 ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА МАЈСТОРИЈАТА НА ЕЛМАС И ГОЛОТ ТУКА
Битката продолжува, а Елмас делува исклучително расположено за игра против лидерот на табелата.



