Во мечот со кој се отвори колото на Премиер лигата гледавме возбудлива завршница во која „паднаа“ дури два погодоци во судиското надополнување. Она што од почетокот не ветуваше голема возбуда, сепак се претвори во меч со пресврти, погодоци и неизвесност буквално до последните секунди.
Најпрво гостите го отворија резултатот во 32-та минута, преку погодокот на Брајан Мбеумо. Играчот кој вчера беше прогласен за играч на месецот, денес им донесе водство на Манчестер Јунајтед од 1-0.
Иако изгледаше дека Манчестер го имаат резултатот под контрола, во завршницата на второто полувреме Матис Тел го изедначи резултатот за Тотенхем на 1-1. По голот на домаќините во 84-та минута, следеше вистински пресврт кога во првата минута од судиското надополнување Ричарлисон стрелаше прецизно со глава за 2-1.
Но, Манчестер Јунајтед не се откажаа до самиот крај, па успеаја во истекот на судиското надополнување, во 96-та минута да постигнат погодок за израмнување и спасување на бод. За 2-2 стрелаше Де Лихт со глава во 96-та минута, со што донесе радост за гостинските навивачи буквално пред самиот свиреж на судијата.



