На стадионот во Сантијаго, фудбалот доби нова приказна што ќе се прераскажува со години. Мароко го совлада шесткратниот шампион Аргентина со 2-0 и стана првата арапска нација што го освојува Светското првенство за фудбалери до 20 години.
Херојот на вечерта беше Јасир Забири, момчето што во само 17 минути го урна аргентинскиот ѕид и ја напиша историјата со својата левица. Првиот удар беше магичен слободен удар во 12-тата минута, а вториот прецизен завршен удар од близина во 29-тата минута. Доволно за Мароко да ја замолчи публиката и да ја натера Аргентина да биде во сенка до крајот на натпреварот.
“Атласците лавови” на Мохамед Уахби не дозволија ништо да им ја наруши ноќта на славата. Аргентина, големиот фаворит кој до финалето имаше шест победи, 15 постигнати голови и само два примени, едноставно не најде одговор за организираниот и храбар Мароко.

Со оваа победа, Мароко стана само втор африкански тим што го освојува Светското првенство до 20 години, по Гана во 2009 година и прв што ја победил Аргентина во едно финале по 42 години.
Наградите само ја потврдија доминацијата – Отман Маама беше избран за најдобар играч на турнирот, освојувајќи ја “Златната топка”, додека Јасир Забири заслужено го понесе епитетот “Играч на натпреварот”.
Во еден свет каде што често фаворитите го диктираат исходот, младите лавови од Мароко докажаа дека храброста, вербата и срцето можат да ја променат историјата. Од вечерва, нивното име стои покрај најголемите.
The #U20WC Final: Argentina 🆚 Morocco pic.twitter.com/W052yo7god
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) October 20, 2025