(Видео) Мбапе го бива и за кошарка, НБА го пофали!

 

Објавено:

Дека Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери на денешницата е веќе добро познато, но изгледа дека француската суперѕвезда не е „скарана“ ниту со кошарката.

На официјалниот профил на француската репрезентација се појави видео од соблекувалната на „триколорите“, каде Мбапе ги покажува своите кошаркарски вештини. Иако во рацете ја имаше официјалната Адидас топка за Светското првенство, тоа не го спречи со неверојатна прецизност да погоди директно во „кошот“.

Ваквиот потег не помина незабележано ниту „преку океанот“. Официјалниот профил на NBA на социјалната мрежа „X“ го сподели видеото со краток и јасен коментар: „Океј, Килијан Мбапе!“, признавајќи му го талентот на напаѓачот на Реал Мадрид.

Дали е време за промена на спортот или Мбапе само се загрева за нови голови на фудбалските терени? Погледнете го неговиот прецизен шут:

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено