(Видео) Милан со реми во Бергамо, Наполи со минимален триумф во Лече!

Објавено:

Наполи продолжува да чекори сигурно на врвот на Серија А, откако вечерва славеше со 1-0 на гостувањето кај Лече, и тоа во меч во кој повторно мораше да се соочи со сериозни кадровски проблеми. Тимот на Антонио Конте остана без Кевин Де Брујне, кој се повреди во победата над Интер и ќе биде надвор од терените до февруари, но и без неколку други стандардни првотимци како Лоботка, Мерет и Лукаку.

И покрај сите проблеми, “сините” успеаја да извојуваат важни три бода благодарение на Андре-Френк Замбо Ангиса, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 72-та минута. Среде притисок од домашниот тим, Наполи ја искористи можноста по прекин, кога Давид Нерес мајсторски упати центаршут, а Камерунецот со прецизен удар со глава ја затресе мрежата.

Претходно, Лече имаше шанса да поведе по досуден пенал, откако по преглед на ВАР беше утврдено дека Хуан Жезус играл со рака во шеснаесеттникот. Младиот Франческо Камарда ја презеде одговорноста, но Вања Милинковиќ-Савиќ уште еднаш потврди дека е специјалист за пенали и го одбрани ударот, што е негов петти спасен од последните девет обиди во Серија А.

Камарда, 17-годишниот талент на Милан кој настапува како позајмен во Лече, не можеше да ги сокрие емоциите и со солзи го напушти теренот неколку минути подоцна.

Елмас доби прилика да игра во стартниот тим и се закани со удар над голот, додека Хојлунд по враќањето од повреда не успеа да реализира во судиското надополнување.

Со оваа победа, Наполи се одвои на три бода предност пред Милан кој вечерва ремизираше на тешкото гостување кај Аталанта, како и трето пласираната Рома која утре го пречекува Парма, во натпревар што дополнително ќе ја заостри борбата за врвот на табелата.

Извор: https://football-italia.net

Аталанта по ремито од 1-1 вечерва се искачи на шесттата позиција, откако повторно остана непоразена и во деветтото коло. Тие сега имаат 2 победи и дури 7 нерешени мечеви, што само покажува дека тимот на Јуриќ се обидува да остане конкурентен во борбата. Од друга страна пак, Милан не успеа да ја сруши “клетвата” во Бергамо, каде нема победено уште од сезоната 2021/22.

Милан уште во четврттата минута од гостувањето успеа да дојде до предност преку Самуел Ричи, но домаќините вратија во 35-та минута преку Локман. Голманот Маигнан им го спаси бодот на Милан, со одличната одбрана на пет минути пред крајот на мечот.

Следете нè: Facebook | Instagram | X 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено