Барселона го постигна она што беше најважно најважно денес, а тоа се три бода и скок на првото место во Ла Лига. Но, победата од 3-1 против Алавес на „Спотифај Камп Ноу“ започна со вистински шок.
Каталонците мораа да режираат брз и ефикасен пресврт, откако веќе во првата минута се најдоа во негатива. По корнер од десната страна, топката дојде до Пабло Ибањез, кој рутински ја смести во мрежата на домаќините за шокантно водство од 0-1.
Меѓутоа, тимот на Чави реагираше како вистински шампион. Само седум минути подоцна, младиот Ламин Јамал ја потврди својата снаодливост и ја искористи асистенцијата од левата страна и од непосредна близина израмни на 1-1.
Целосниот пресврт беше комплетиран во 26-та минута. Дани Олмо погоди по прецизната асистенција на Рафиња, постигнувајќи го својот прв гол по септември и носејќи ја Барселона во водство од 2-1.
Точка на натпреварот и брилијантната партија на Олмо беше ставена во судиското надополнување, кога тој постигна и свој втор, а трет гол за Барселона за конечни 3-1.
Со оваа клучна победа, Барселона се искачи на врвот на табелата во Ла Лига, продолжувајќи го одличниот ритам во текот на сезоната. Ова беше одлична прослава за фановите и клубот, кој денес слави 126 години од своето постоење.



