НБА лигата уште еднаш докажа зошто е највозбудливото спортско шоу на планетата! Изминатата 2025 година ни донесе неверојатни забивања, „невозможни“ тројки во последната секунда и блокови кои ни го одземаа здивот.
Од мајсториите на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, па сè до бруталните летови на Ентони Едвардс и Виктор Вембањама – официјалниот канал на НБА ги собра најдобрите 100 потези на едно место.
Ова е вистинско скоро едно часовно уживање за сите љубители на кошарката. Подгответе се за врвна магија на паркетот!



