Заборавете на ултрасите што скокаат, палат факели и пеат песни што ќе ви ги скинат гласните жици. Вистинскиот херој на трибините на АФКОН е еден господин од ДР Конго кој покажа дека најсилниот протест е – тишината и издржливоста.
90 минути како статуа
За време на натпреварот меѓу ДР Конго и Сенегал, додека сите околу него навиваа, јадеа семки или се нервираа за судиските одлуки, овој навивач стоеше неподвижен цели 90 минути (плус судиско продолжение!). Неговата цел? Да му оддаде почит на Патрис Лумумба, првиот премиер на независно Конго и икона на борбата за слобода, чија трагична судбина (убиен и растворен во киселина) е мрачно поглавје од историјата.
Трол или Херој?
Иако некои би рекле дека е „трол“ за луѓето зад него кои не можеле да го гледаат натпреварот, тој всушност е пример за посветеност. Облечен беспрекорно, со става на војник, тој стана вирална сензација.
Ова е доказ дека фудбалот не е само игра, туку и платформа за моќни пораки – дури и кога тие се испраќаат без ниту еден збор, само со стоење „мирно“.
Un supporter du Congo assiste à tous les matchs de son équipe… en restant immobile 90 minutes ! pic.twitter.com/Nvt8FbtP08
— 75 Secondes 🗞️ (@75secondes) December 28, 2025



