(Видео) Навивачите и играчите се вратија на Камп Ноу!

Објавено:

После многу одолговлекувања, конечно се отворија вратите на новиот Камп Ноу стадион во Барселона. Иако само за отворена тренинг сесија, сепак овој потег влеа надеж кај навивачите дека наскоро би можеле да гледаат и официјален натпревар од новите трибини.

Трибината која беше отворена за тренинг сесијата беше исполнета до последното место, а навивачите со радост ги поздравија своите херои во сопствениот храм на фудбалот.

Уживајте во глетките и се надеваме дека наскоро ќе може да напишеме и за првиот официјален натпревар, момент кој ќе ја испише новата историја на каталонскиот фудбал.

Следете нè: Facebook | Instagram | X 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено