(Видео) Нкунку е спасителот на Алегри: Милан во 90-та избегна пораз во Фиренца!

Објавено:

Милан продолжува да „кашла“ во трката за Скудетото. Во натпревар кој мораа да го добијат за да останат во чекор со Интер, „Росонерите“ едвај стигнаа до бод на гостувањето кај Фиорентина (1:1), и тоа благодарение на голот на резервистот Кристофер Нкунку во 90-тата минута.

Ова е второ последователно реми за тимот на Масимилијано Алегри, кој сега заостанува два бода зад лидерот Интер, но „Нераѕурите“ имаат натпревар помалку (дербито со Наполи вечерва).

Пулишиќ промашуваше, Комуцо казнуваше

Првото полувреме помина во знакот на пропуштените шанси на Кристијан Пулишиќ. Американецот на двапати се најде во идеална ситуација пред голот на Давид Де Хеа, но искусниот шпански голман излезе како победник.

Казната стигна во вториот дел. Фиорентина, која се бори за опстанок, заигра похрабро и поведе во 66-тата минута. Алберт Гудмундсон нафрли од корнер, а младиот дефанзивец Пјетро Комуцо највисоко скокна и го совлада Мајк Менњан за 1:0.

Нкунку стрелаше, Менњан правеше чуда

Алегри реагираше со измени, внесувајќи ги Рабио, Леао и Нкунку. Токму Французинот беше херојот, во 90-тата минута доби топка од Фофана и со прецизен удар донесе израмнување.

Но, Милан можеше да остане и без тој бод ако не беше Мајк Менњан. Капитенот на „Росонерите“ имаше неколку клучни интервенции, вклучувајќи ја и онаа во судиското продолжение кога Марко Брешијанини ја погоди пречката, а Моисе Кин беше изблокиран.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено