2.8 C
Skopje

(Видео) Њукасл ја најде замената за Исак? Каков гол на Алекс Марфи!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Њукасл мака мачи да пронајде замена за својата најголема ѕвезда, Александер Исак, изгледа дека решението им било пред носот цело време. На пријателскиот натпревар против Арсенал, младиот дефанзивец Алекс Марфи постигна гол каков што ретко се гледа.

Со неверојатна завршница, тој ја “закова” топката во сопствената мрежа, постигнувајќи автогол за кој би му позавиделе и најголемите светски напаѓачи.

„Каква завршница!“, „Ова е замената за Исак“, беа само дел од урнебесните коментари на социјалните мрежи. Еден фан дури и се пошегува: „Сигурно се молел денес да постигне гол, само не кажал на која страна“.

Проценете сами.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено