(Видео) Од повреда до победа: Дебито на Алкараз во Јапонија

Објавено:

Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, денес го одигра дебитантскиот меч на турнирот во Јапонија, каде успеа да дојде до победата и покрај стравувањето од повреда во првиот сет.

Тој го совлада Баез со 2:0, односно 6-4, 6-2 во сетови, за својата прва победа на овој турнир.

Во првиот сет Шпанецот се соочи со непријатна повреда на глуждот, а после пружената медицинска помош успеа да се врати во игра. Сепак, по мечот Карлос искрено призна дека во еден момент се уплашил дека нема да може да продолжи.

“Се уплашив, нема да лажам. Почувствував болка во глуждот и не се чувствував баш најдобро. Среќен сум што успеав да продолжам после тоа”, изјави тој.

Погледнете го и моментот на повредата во првиот сет.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено