Спектакл на „Паркот на принцовите“! Пари Сен Жермен и Тотенхем приредија фудбалско шоу со осум голови, во кое домаќините излегоа како победници со 5-3 и покрај тоа што двапати губеа во текот на натпреварот.
Вистински херој на вечерта беше португалскиот играч за врска, Витиња, кој постигна хет-трик и ја предводеше својата екипа до пресврт.
Тотенхем водеше, ПСЖ возврати со „блицкриг“
Гостите од Лондон поведоа во 35. минута преку Ришарлисон, но ПСЖ израмни пред самиот крај на првото полувреме со прекрасен гол на Витиња.
Тотенхем повторно поведе на почетокот на вториот дел преку Рандал Коло Муани, кој погоди против својот матичен клуб. Сепак, тогаш започна фуријата на „Светците“. За само 12 минути, ПСЖ постигна три гола преку Витиња, Фабијан Руиз и Вилијан Пачо, преземајќи ја контролата над мечот.
Печат на победата
Коло Муани врати надеж за Тотенхем во 72. минута, намалувајќи на 4-3, но Витиња стави точка на натпреварот само четири минути подоцна, комплетирајќи го својот хет-трик од пенал.
Во судиското надополнување, ПСЖ остана со играч помалку откако Лукас Ернандез доби црвен картон поради удар со лакт.
Со овој пораз, Тотенхем падна на 16-тата позиција на табелата во Лигата на шампионите.



