(Видео) Пелистер потопен во Езерото: Охрид со лекција за шампионот во „Билјанини Извори“!

Објавено:

Охрид не е само туристичка атракција, туку и новата ракометна тврдина на Македонија! Во натпревар кој наликуваше на вистински европски спектакл, „Гладијаторите“ му одржаа лекција на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, совладувајќи го со 29-25 во преполната сала „Билјанини Извори“.

Ова не е само победа, ова е порака – Охрид е подготвен за големи дела!.

Од егал до доминација: Како падна Пелистер?

Првото полувреме беше вистинска рововска битка. Двата тима се менуваа во водство, а на одмор се замина со минимални 13-11 за домаќините благодарение на серијата на Петриќ, Лиапис и Ојлески.

Но, во второто полувреме на теренот како да излезе само една екипа. Охриѓани, предводени од фантастичниот Стефан Петриќ (7 гола) и непробојниот голман Кристијан Пилиповиќ (12 одбрани), направија серија која ги однесе на недостижни +8 во 52. минута.

Пелистерци, иако дојдоа мотивирани по триумфот над Вардар, немаа одговор за агресивната одбрана и брзата транзиција на домаќините. Дејан Манасков со 8 гола беше светла точка кај битолчани, но недоволно за да се избегне поразот.

Вардар осамен на врвот, Охрид се вмеша во трката

Со овој пораз, Еурофарм Пелистер (26 бодови) падна на четвртото место, додека Вардар (30 бодови) се зацврсти на врвот. Охрид сега е трет со 27 бодови, колку што има и второпласираниот Алкалоид, што ја прави трката за титулата поинтересна од кога било.

Останати резултати од колото:

  • РК Алкалоид – МРК Куманово 42:25 (Демонстрација на сила на четата на Лазаров)
  • РК Вардар – РК Радовиш 40:26 (Рутинска победа на лидерот)
  • Тинекс Пролет – Бутел Скопје 23:26
  • Струга – Прилеп 25:33
  • Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 27:26.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено