(Видео) Пикси си отиде, циркусот остана: Србија прими гол од центар!

 

Објавено:

Србија тргна на “рехабилитација” во Андора по поразот од Албанија… ама наместо рехабилитација, доби гол од пола терен!

Во 17-тата минута од вечерашниот натпревар, се случи момент за фудбалските најавни шпици. Гијом Лопез виде дека голманот на Србија, Ѓорѓе Петровиќ, си “брка муви” далеку од својот гол, и со проектил од речиси половина терен го лобуваше за шокантно водство на Андора!

За среќа на Србите, брзо успеаја да израмнат со комичен автогол, а Влаховиќ во второто полувреме донесе водство од 1:2.

Како и да е, Пикси можеби си отиде, ама циркусот во српската репрезентација очигледно продолжува.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено