(Видео) ПМФЛ: „Петарда“ на Силекс, Шкендија броеше до 7 против „децата“ на Македонија ЃП

 

Објавено:

Попладне за „плус 7“ во Првата македонска фудбалска лига. Вкупно 15 гола паднаа на само два натпревари, каде Шкендија и Силекс немаа апсолутно никаква милост и приредија „стрелачки тренинг“ против трагичните Македонија ЃП и Шкупи.

(Видео) Шкендија 7-2 Македонија ЃП

Во Тетово се одигра натпревар кој беше сè само не фер борба. Шкендија славеше со 7-2, но против тим кој не личеше на прволигаш.

По оставките на директорот Бајевски и тренерот Грнчаров, „лавовите“ во Тетово истрчаа со комбиниран младински состав – дури девет играчи под 18 години и само двајца странци (Еступињан и Кабаркас).

И покрај катастрофата, за Ѓорче остануваат два светли моменти: младиот Аљман Етеми кој намали на 2-1 и голманот Дарко Јовчев, кој му одбрани пенал на Фитон Адеми.

За Шкендија, која рутински ја заврши работата, стрелци беа Мазари (x2), Рамадани, Мелиќи, Адеми, Белица и Латифи. Омер Сулејмани во финишот го постави конечниот резултат.

(Видео) Силекс 5-1 Шкупи

Во Кратово, слично сценарио. Силекс го „потопи“ Шкупи со 5-1 и му стави крај на мини-серијата од два меча без победа.

Работата беше завршена уште во првото полувреме, кое кратовци го добија со брутални 4-0. Алиќ и Мартин Мирчевски постигнаа по два гола, а им се придружи и Мигел Пиреш.

Шкупи, кој останува „закован“ на дното на табелата со само еден бод, успеа да постигне само утешен гол преку Рибеиро за 4-1.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено