13.8 C
Skopje

(Видео) Победа за Шкендија, Лига Европа на дофат!

Објавено:

Вечерва во Скопје Шкендија го одигра првиот дуел од плеј-оф натпреварите за Лига Европа, а стартот беше онаков каков што посакуваа – со победа над бугарски Лудогорец со резултат 2:1.

Првиот погодок на натпреварот дојде за гостите уште во 17-та минута преку Дуарте, но Тетовчани не се откажаа од идејата за победа, па дојдоа изедначување на резултат пред паузата, преку голот на Љатифи во 35-та минута.

Во второто полувреме за победа стрелаше Ибраими во 60-та минута, со што на реваншот во Разград Шкендија ќе замине со позитивен резултат од 2:1.

Со овој резултат тие се до чекор на групната фаза од Лига Европа, а сега на гости треба да се надеваат на позитивен резултат. Досега од македонските клубови, само Вардар има стигнато до групната фаза на Лига Европа во 2017 година.

Сепак, европската есен веќе е загарантирана за Шкендија, бидејќи со евентуален пораз од Лудогорец тие сепак ќе играат во Конференциската лига на УЕФА.

Погледнете ги двата погодоци на Шкендија!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено