Сосема заслужено победата на Градски вечерва му припадна на најтрофејниот македонски клуб Вардар. Лозана можеби ја имаа на своја страна статистиката, искуството и далеку поскапите играчи, но Вардар имаа душа, срце на терен и ветер во грб од своите верни Комити на Западната трибина.
После одличното прво полувреме во кое Вардар поведе со 1:0 со голот на Роџерс Касим Мато во 48′ минута, македонскиот клуб отиде на паузата со гол разлика и силна желба за победа.

Во второто полувреме Швајцарците се вратија со порешителна игра, па откако во првото полувреме немаа ниту еден конкретен шут кон голот на Вардар, после паузата успеаја да постигнат гол во 58′ минута преку Дијаките за израмнување од 1:1.
Вардар имаше голема шанса преку одлично истрчаната контра да постигне погодок, но сепак Мато не успеја да го постигне и вториот погодок вечерта. Сепак, топката од голманот заврши во корнер, по чие изведување во акцијата на Вардар противничката мрежа ја погоди Азер Омерагиќ за вториот погодок и победа со конечен резултат од 2:1.
Погледнете ги сите голови на натпреварот.
⚫️🔴 🇲🇰 Вардар 2:1 Лозана! 🇨🇭
Лозана можеби има повеќе статистичка предност, искуство и скапи играчи, но Вардар има душа, срце на терен и ветер во грб од верните Комити на Градски! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰👏👏👏#СпортскаСтаница #ФКВардар #Лозана pic.twitter.com/ttrVYX2vPH
— sportstation (@sportskastanica) July 24, 2025



