Португалската репрезентација го освои својот прв историски наслов на Светското првенство за играчи до 17 години (U-17), победувајќи ја Австрија со 1-0 во финалето одиграно на стадионот „Калифа Интернешнл“ во Доха, Катар.
Херој на натпреварот беше напаѓачот на Бенфика, Анисио Кабрал, кој го постигна единствениот гол во 32. минута, крунисувајќи ја одличната акција на Дуарте Куња.
Кабрал пресуди, Австрија ја погоди стативата
Португалија, која ова лето стана и европски шампион во истата категорија, сега ја обедини европската и светската круна. Австријците, предводени од најдобриот стрелец на турнирот Јоханес Мозер (8 гола), се бореа до крајот. Најголемата шанса за израмнување ја имаше Даниел Фраушер во 85. минута, но неговиот удар заврши во стативата.
The winner. #U17WC pic.twitter.com/FjFnDXwCSx
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 27, 2025
Campeões 🇵🇹🏆#U17WC pic.twitter.com/Jpb2MEAdSU
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 27, 2025
Италија со бронза по пенали
Во натпреварот за третото место, Италија го победи Бразил по изведување на пенали (4-2), откако регуларниот дел заврши без голови (0-0). Италијанскиот голман Алесандро Лонгони беше херој со два одбранети пенали во серијата.
Арсен Венгер, шефот за глобален развој на фудбалот во ФИФА, го оцени турнирот како „фудбалски рај“ и истакна дека ова прво проширено издание со 48 тима ќе го промени фудбалот во светот.
The story has an ending 🎬#U17WC pic.twitter.com/Hdnl97XsXT
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 27, 2025
Следете нè: Facebook | Instagram | X



